ВИДЕО: Ивановски го постигна вториот гол во дресот на Диосѓер

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски стрелаше во дресот на унгарски Диосѓер, но неговиот тим претрпе домашен пораз.

Напаѓачот погоди во дерби-дуелот против Дебрецен, кој заврши со победа на гостите (1-2). Ивановски го отвори резултатот уште во 4. минута кога одлично реагираше по една нафрлена топка, но потоа Дебрецен постигна два погодока, во 13. и 17. минута за да се постави конечниот резултат.

  • Голот на Ивановски за Диосѓер:

За Ивановски ова беше втор гол во дресот на унгарски Диосѓер. Тимот се наоѓа на седмото место на табелата во шампионатот со вкупно 26 освени бода.