Ивановски го одведе Диосѓер во осминафиналето на Купот

Унгарскиот прволигаш Диосѓер, каде што настапува македонскиот интернационалец Мирко Ивановски, се пласира во осминафиналето на Купот на Унгарија. Ивановски погоди во победата на гостински терен против Тарпа со 0-3 (0-2).

Битолчанецот реализираше за 0-2 во 44. минута. Претходно Гал си даде автогол, а Грозав со гол за 0-2 ги разреши дилемите на почетокот од вториот дел. Ако во шампионатот не му оди најдообро Диосѓер во Купот може да биде изненадување на натпреварувањето.

Ујпешт на Кире Ристевски вечерва гостува кај Солноки, а натпреварот почнува во 19:45 часот. 

МТК на Бобан Миовски утре гхостува кај Казинбарсика.