ВИДЕО: Ивановски даде супер-гол, но не го прослави од почит кон Вардар

Филип Ивановски успеа да погоди за екипата на Беласица на гостувањето кај Вардар во Скопје (1-1), откако во мрежата на Филип Гачевски даде ефектен гол.

Најистурениот напаѓач на струмичани даде супер-гол од свртување, а Гачевски немаше шанса да интервенира по одличниот удар на искусниот фудбалер. Филип Ивановски не го прослави погодокот од почит кон Вардар, затоа што во минатото го носеше „црвено-црниот“ дрес.

33-годишниот Ивановски во Беласица пристигна од Финска каде го носеше дресот на Ропс. За Вардар настапуваше во сезоната 2011/12 и од 2014 до 2016 година и беше голем миленик на навивачите.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15