Иванов ќе им суди на Шкупи и Академија Пандев, Ставрев патува за Кавадарци

Викендов се играат натпреварите од последното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Сите прашања во најсилната фудбалска лига се решени. Останува само екипите да ја спуштат завесата на уште една сезона, која заврши со шампионска титула за Шкупи.

ФФМ ги одреди судиите за последното 33. коло од ПМФЛ:

  • Скопје - Брегалница Штип (Фуркан Идризи)
  • Работнички - Пелистер (Александар Грујовски)
  • Борец - Ренова (Марјан Младеновски)
  • Тиквеш - Македонија ЃП (Александар Ставрев)
  • Струга Трим Љум - Шкендија (Курмислав Георгиев)
  • Шкупи - Академија Пандев (Игор Иванов)

Сите шест меча се играат в недела со почеток од 17:00 часот.