• Мартин Танасковски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за натпреварите од 26. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), кое на програмата е овој викенд.
Сите пет натпревари ќе се играат во ист ден. Брегалница е домаќин на Македонија ЃП, таму ќе суди Игор Стојчевски, а Тиквеш во Кавадарци ќе го пречека Силекс и главен арбитар е Јован Качевски.
Фенерџијата Победа го пречекува ранетиот Шкупи и на центарот на „Гоце Делчев“ ќе биде Стојанче Трпчевски. Скопје оди на мегдан со Струга пред очите на Крумислав Ѓорѓиев, додека правдата на натпреварот Академија Пандев - Работнички ќе ја дели Игор Иванов.
Сите натпревари се играат во недела од 15:00 часот.