ВИДЕО: Иваниќ со ГОЛЧИШТЕ ја остави Ц. Звезда „жива“ во ЛЕ, луд пресврт на Баер против Селтик

Српскиот фудбалски шампион во прав момент им се врати на победите во Лигата на Европа и по двата кикса против Мидтјиланд во рамки од петтото коло од групата Ф со минимални 1-0 славеше на мечот со Лудогорец.

Со овие три бода „црвено-белите“ ја презедоа лидерската позиција на табелата, но и покрај тоа европска пролет ќе мора да обезбедува во последното коло, во кое ќе се сретне со Брага, која има еден под помалку. На третото место е Мидтјиланд со осум бода, додека последен е бугарскиот тим со само едно реми. 

Херој на белграѓани на вечерашната пресметка на „Рајко Митиќ“ беше Иваниќ, кој гостинската мрежа со велемајсторски удар ја затресе по само дванаесет минути игра во вториот дел, а потоа испушти голема можност за нова домашна радост. 

Екипите на Баер Леверкузен и Селтик го одиграа најлудиот натпревар од првиот вечерашен дел од Лигата на Европа, откако германскиот тим со два гола во самиот финиш се избори за пресврт-победа од 3-2 и пласман во нокаут-фазата. Селтик пак, кој имаше водство до 82. минута и беше во игра пласман понатаму, ги загуби сите шанси за европска пролет, бидејќи Бетис ја впиша потребната победа над Ференцварош и се бетонира на второто место.

  • Баер Леверкузен - Селтик 3-2:

Динамо Загреб не ја искористи првата „меч-топка“ за нокаут-фаза и пред својата публика одигра само 1-1 против Генк, против кого во последното коло ќе се „бори“ за второто место во групата Х, каде доминира Вест Хем. „Модрите“ преку Менало поведе со 1-0, во 35. минута, но белгискиот тим пред самиот крај на полувремето со голот на Угбо се избори за голем бод.

  • Динамо Загреб - Генк 1-1: 

Во последното коло Динамо на Адеми и Ристовски ќе брка сензација на гости кај лидерот Вест Хем, додека Генк ќе се судри со Рапид Виена.

Состави

Дејан Станковиќ

4-2-3-1

    Станислав Генчев

    3-4-2-1