Ивана Пројковска четврти судија во Торино на меч од ЛШ

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска доби делегирање од УЕФА за натпревар од женската фудбалска Лига на шампиони.

Пројковска ќе биде дел од натпреварот помеѓу екипите на Јувентус и Волфсбург кој ќе се игра во Торино, а ќе ја има улогата на четврти судија.

Главна судијка на натпреварот е Фрида Миа Кларлунд од Данска, асистентки и се Сидсел Фабрисиус од Данска и Алиса Левалампи од Шведска.

Натпреварот меѓу Јувентус и Волфсбург во женската ЛШ се игра во четврток од 18:45 часот.