Иван Варадиновски ја продолжи соработката со Детонит Плачковица

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица му ја продолжи верноста на Иван Варадиновски кој и во следната сезона ќе го води тимот од Радовиш. 

Младиот стратег го одведе Детонит до историски пласман во баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига, каде што на крајот загуби од Вардар (2-0), па и следната сезона ќе се натпреврува меѓу второлигашите. Амбициите на клубот од Радовиш и за следната сезона се високи.

35-годишниот Варадиновски е кормилар на Детонит Плачковица од први јануари 2023 година. Претходно тој имаше авантури во Саса и Пехчево.