Иван Варадиновски го замени Пехчево со Каменица Саса

Екипата на Каменица Саса во новата сезона ќе влезе со нов тренер, затоа што за шеф на стручниот штаб е назначен Иван Варадиновски.

Варадиновски е поранешен прв човек на клупата на ФК Пехчево, каде две години беше и асистент на шефот на стручниот штаб, исто така тој е и поранешен тренер на најмладите категории на штипска Брегалница.

Како фудбалер своите први чекори ги направи во Брегалница Штип кадешто за првпат настапуваше и во сениорски тим. Фудбалер е и на Беласица, Скопје, Локомотива и Плачковица. Се работи за млад фудбалски стручњак кој е полн со ентузијазам и желба за работа.

Каменица Саса минатата сезона ја заврши на четвртото место во ВМФЛ-Исток, но оваа година ќе игра во обединетата втора фудбалска лига.