Иван Перишиќ заминува од Интер и се сели во Лондон?

ПЕРИШИЌ

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери пишува дека Иван Перишиќ од наредната сезона ќе игра во Премиер лигата.

Нов клуб на хрватскиот офанзивец ќе биде Челзи. Преговорите за нов договор меѓу него и Интер пропаднаа, па тоа го искористи лондонскиот гигант за да договори лични услови и да го обезбеди за летниот трансфер период.

Томас Тухел сака да направи „чистка“ во крилните позиции. Од Челзи се очекува да си заминат Маркос Алонсо, Кристијан Пулишиќ и Хаким Зијеч.

Перишиќ има 33 години и во минатото бил дел од Баерн Минхен, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж и Сошо.