Иван Перишиќ за смешна сума на пари го менува Хајдук со Барселона?

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е една од главните фудбалски теми во Хрватска. Минатата недела на „Пољуд“ се крена голема врева, сите беа изненадени што Џенаро Гатузо го остави дома Иван Перишиќ за мечот во Загреб против Локомотива

И додека продолжуваат приказните за тоа кој кому што кажал, има нови информации кои велат дека Перишиќ би го напуштил Хајдук, поради – Барселона

Каталонскиот гигант има нов тренер, Германецот Ханси Флик, па можеби е воспоставен контактот меѓу поранешниот тренер на Баерн и Перишиќ со кој ја освои Лигата на шампионите. Перишиќ може да си замине од Хајдук на крајот на месецот за само 200.000 евра колку што е откупната клаузула во договорот на која инсистирал.

Во секој случај, каде што има чад, има и оган, па затоа ќе биде интересно во Сплит во следните неколку дена.