Иван Перишиќ ќе го засили најамбициозниот клуб во Серија А?

Иако неговата авантура во Хајдук завршува тажно, Иван Перишиќ е далеку од проблеми со наоѓање на нов клуб. Aко им се верува на медиумите од Апенините, веќе почнаа да се појавуваат првите клубови кои го посакуваат во своите редови.

Хрватскиот ас изминативе неколку недели неформално бара нов клуб, а од денес и официјално, бидејќи дефинитивно е отпишан од Хајдук и може да бара нова средина.

Спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ изјави дека е договорено Перишиќ да си замине од „Пољуд“ и дека прашање на време е како ќе го направи тоа. Со оглед на популарноста и белегот што го остави, не е ни чудо зошто италијанскиот печат со особено внимание ги следеше случувањата во Хајдук последните денови, особено што на клупата седи Џенаро Гатузо.

Токму од Апенините пристигнуваат најновите вести за потенцијалната следна дестинација на Перишиќ. Тоа е веројатно најамбициозниот клуб во Серија А. Станува збор за Комо, кој по две децении се врати во Серија А, е во сопственост на богатите милијардери од Индонезија веќе донесе некои познати имиња како Пепе Реина, Рафаел Варан и Андреа Белоти.

Трансферот е можен и затоа што мнозинството навивачи на Хајдук застанаа на страната на Гатузо, оставајќи остри коментари на профилот на Перишиќ на социјалните мрежи. Перишиќ долги години играше во Италија, носејќи го дресот на Интер

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.