Иван Николов заврши со Радник, го следат од пет европски земји

Македонскиот репрезентативец Иван Николов летово ќе направи нов трансфер во кариерата, откако по истекот на договорот со Радник Бијељина стана слободен играч на пазарот.

Дваесет и четиригодишниот играч за врска веќе привлекува сериозно внимание од повеќе европски клубови, а според информациите на новинарот Руди Галети, најконкретен интерес во моментов постои од Данска, каде што Николов би можел повторно да заигра.

Покрај данските клубови, неговата ситуација внимателно ја следат и екипи од Србија, Унгарија, Романија и Полска, кои во наредниот период би можеле да испратат официјални понуди за негов ангажман.

Покрај за Радник, штипјанецот во кариерата играше и за Вендсисел и Сондерјуске од Данска, како и македонските Брегалница, Вардар и Академија Пандев.