Иван Николов интересен за Славија Прага, го посакува и Штурм

Македонскиот репрезентативец Иван Николов игра одлично за дански Сондерјиске, а поради настапите во Данска го привлече вниманието кон себе.

Штипјанецот кој има 21 година е интересен за чешкиот клуб Славија Прага, објави данскиот медиум „Типсбладет“. Двете екипи ќе играат пријателски натпревар на подготовките во Португалија, а Славија веќе одредено време го следи Николов.

Исто така, Николов е интересен и за екипа од Австрија. Се работи за славниот тим Штурм од Грац. Дебитантот во сениорската репрезентација на Македонија е во плановите на Сондерјиске кој се бори за промоција во данската елита.

Сондерјиске е прв странски клуб за Николов, затоа што претходно штипјанецот настапуваше за Брегалница, Вардар и Брера. Во Данска, тој досега одигра 19 меча, со два гола и две асистенции.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.