• Горан Упале
Македонскиот фудбалер Иван Николов многу кратко пронајде нова средина, откако му истече договорот со данскиот клуб Сондерјиске.
23-годишниот играч од средниот ред на маса имаше неколку конкретни понуди од од Данска, Норвешка, Унгарија и Србија, но на крај се реши за преселба во Босна и Херцеговина, во редовите на Радник Бијелина.
На тој начин босанскиот клуб одново во своите редови ќе има македонски фудбалер, откако пред еден месец го раскина договорот со Константин Чешмеџиев.
Николов првите фудбалски чекори ги направи во штипска Брегалница, а потоа играше за Академија Пандев, Вардар и Сондерјуске. Минатата сезона беше и на позајмица во тимот на Вендсисел, каде одигра тринаесет натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






