• Саше Љолес
Македонскиот фудбалер Иван Николов наскоро ќе ја промени средината, откако му истече договорот со данскиот клуб Сондерјиске.
23-годишниот играч од средниот ред има конкретни понуди од Данска, Норвешка, Унгарија и Србија. Во моментов е слободен играч и може да одбере каде ќе ја продолжи кариерата.
Николов првите фудбалски чекори ги направи во штипска Брегалница, а потоа играше за Академија Пандев, Вардар и Сондерјуске. Минатата сезона беше и на позајмица во тимот на Вендсисел, каде одигра тринаесет натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



