• Саше Љолес
Управата на калчолигашот Аталанта му врачи отказ на хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој го напушта клубот после серијата лоши резултати.
Последната „капка“ за Јуриќ беше убедливиот пораз на домашен терен од Сасуоло (0-3), што доведе до пад на 13. позиција на табелата. Аталанта забележа само две победи во новата сезона, што беше доволен знак за челните лица да повлечат потег и да го сменат Јуриќ од позицијата прв тренер.
Овие резултати се катастрофални за тимот кој минатата сезона избори пласман во Лигата на шампионите и имаше одлична авантура во домашното првенство.
Името на новиот тренер се очекува да биде соопштено набргу, а во игра се повеќе искусни имиња кои би можеле да го заземат местото на отпуштениот Јуриќ. Според медиумите јасен фаворит е Рафаеле Паладино, кој до минатата сезона ја водеше Фиорентина.









