• Сашо Поповски

Стручниот штаб на Шкендија во тековната сезона ќе биде надополнет со Иван Јовановски, кој е кондициски тренер со големо интернационално искуство.
Тој во иднина ќе биде задолжен за физичката подготовка на тетовчани. Клубот неодамна претстави и нов тренер во Ќатип Османи, кој одново се врати меѓу „црвено-црните“.
Јовановски во кариерата има работено во Русија, Азербејџан, Турција и Бугарија. Исто така тој го делел своето знаење на сениорската репрезентација на Македонија. Од него ќе се очекува дополнително да ја мотивира екипата и да донесе свежина со своите добро познати методи на работа.
По репрезентативната пауза Шкендија ќе гостува кај Победа во рамки од Првата фудбалска лига.