Иван Ивановски ќе тресе мрежи во еден од најдобрите клубови во Јордан

Македонскиот фудбалер Иван Ивановски по разделбата со Тиквеш има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во странство.

Десното крило кое има 30 години беше дел од Тиквеш, но си замина. Следна станица ќе му биде Јордан, каде ќе игра во најдобрата лига, во еден од најдобрите клубови.

Ивановски официјално потпиша договор со Ал-Рамта, клуб кој е на второто место на табелата, со еден бод зад лидерот. За Ивановски, овој тим во Јордан ќе биде втор во странство во кариерата. Претходно настапуваше за Звијезда од БиХ, а во Македонија ги носеше дресовите на Тиквеш, Гостивар и Силекс.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.