• Мартин Танасковски
Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска заедно со своите соработници ќе биде дел од женската фудбалска Лига на шампиони.
Пројковска ќе раководи со мечот меѓу белгиски Леувен и холандски Твенте, кој се игра во Белгија. Прва асистентка на македонската судијка ќе биде Елена Соклевска-Илиевски, додека втора асистентка е Тамара Цветановиќ.
Четврти судија на мечот ќе биде Ангела Рајчевска. Натпреварот во Леувен во среда од 21:00 часот.