Ива Пројковска доби задача во фудбалската Лига на шампиони

Македонската судијка Ива Пројковска доби нова задача на турнирите на УЕФА и ќе биде дел од женската фудбалска Лига на шампиони.

Нашата најдобра судијка кај дамите ќе биде дел од четвртфиналниот натпревар меѓу екипите на Волфсбург и Барселона кој се игра во рамки на женската елита.

Прва асистентка ѝ е Сташа Шпур од Словачка, а втора е Хеини Хивонен од Финска. Четврти судија е Алина Пешу од Романија, додека судиите во ВАР-собата се од Србија, тоа се Момчило Марковиќ и Јелена Цветковиќ.

Натпреварот меѓу Волфсбург и Барселона се игра на 19 март.