ВИДЕО: Итриот Санчо повторно на сцена - посрамоти двајца чешки фудбалери со бразилски трик

Џадон Санчо

Репрезентацијата на Англија одлично го отвори квалификацискиот циклус за Европското првенство 2020 година. На домашен терен ја надигра Чешка со убедливи 5-0, а херој на средбата беше Рахим Стерлинг, кој запиша хет-трик.

>> ВИДЕО: Хет-трик на Стерлинг, Англија ѝ даде ПЕТ ГОЛА на Чешка

Неговиот партнер на спротивната крилна позиција Џејдон Санчо повторно беше расположен за игра и автор на најатрактивниот потег на натпреварот.

Младиот 18-годишен фудбалер ги одигра сите 90 минути и запиша една асистенција. Но, кај фановите се истакна со еден трик со кој насамари двајца противнички играчи. Тој им продаде „тунел“ во стилот на големите мајстори на фудбалската игра.

  • Погледнете го потегот на Санчо:

Во следното коло, Англичаните ќе гостуваат кај Црна Гора и ќе бидат големи фаворити за бодовите.

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 7 6 0 1 33:6 27 18
2 ЧешкаЧешка 7 5 0 2 13:10 3 15
3 КосовоКосово 7 3 2 2 13:12 1 11
4 Црна ГораЦрна Гора 8 0 3 5 3:22 -19 3
5 БугаријаБугарија 7 0 3 4 5:17 -12 3