Итно е потребен ВАР: Дали голот на Мицевски за победа е регуларен? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар се изборија за многу важен триумф над Шкупи со конечни 3-2 и донесоа огромна радост за армијата навивачи на „црвено-црните“. 

Најтрофејниот клуб успеа по голема борба да ги совлада чаирчани, но гостите имаа забелешки за главниот судија Игор Стојчевски и неговите помошници поради победоносниот гол на Вардар, кој го постигна капитенот Дарко Мицевски. 

  • Голот на Дарко Мицевски против Шкупи:

Стручниот штаб на Шкупи реагираше и сметаше дека Мицевски е во офсајд-ситуација, но голот беше признат и натпреварот заврши со конечни 3-2. Овој погодок сигурно ќе биде предмет на анализа од судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија. 

Вчера Шкупи лиферуваше соопштение во кое ја искажа својата загриженост од делегирањето на судиската четворка, на чело со Игор Стојчевски, напоменувајќи дека барале изземање од нивните натпревари.