ВИДЕО: Итно донесете ВАР на Балканот - пеналот за Ц. Звезда е чист судиски дар!

ВАР-технологијата уште не дошла на Балканот, но очигледно мора да се забрза постапката. Она што вечерва се случи во Белград во рамките на осмото коло на српската ЛингЛонг лига во најмала мера е смешно. 

Црвена Звезда губеше со 0-1 до самиот финиш на натпреварот против Инџија. Се играше 89. минута кога судијата Стојиљковиќ прекршокот врз Вукановиќ кој очигледно беше дека е направен надвор од казнениот простор, категорички го досуди како пенал.

  • Подарениот пенал за Црвена Звезда против Инџија: 

Милан Павков пеналот го претвори во израмнувачки гол, а две минути подоцна беше досуден уште еден казнен удар за Црвена Звезда, а Павков пак беше прецизен и „црвено-белите“ извојуваа победа од 2-1.