Итен состанок во Шкендија Арачиново, следи потрес во ПМФЛ!?

Раководството на Шкендија Арачиново одржа итен состанок по ситуацијата што се случи во текот на денешниот ден, како последица на навреди од страна на судијата и преписките кои ги имаше со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На состанокот била изразена целосна поддршка за понатамошните чекори што планира да ги преземе потесното раководство на клубот. Од Шкендија најавуваат дека конкретни потези ќе има уште на почетокот на следната недела, но не открија за што точно станува збор.

Низ медиумите од Македонија на албански јазик, се појавија и информации дека сценариото може да биде и она најрадикалното, тоа е ако Шкендија Арачиново не добива почит, да следи истапување од Првата лига.

Новата седмица ќе донесе и потрес во македонскиот фудбал...