Италијанските великани застанаа во ред за голгетерот на Салцбург

Нова голгетерска ѕвезда се појави фудбалската карта и истата доаѓа од редовите на Салцбург.

Одличните настапи на Ерлинг Халанд го привлекоа вниманието на големите европски клубови, особено на оние кои доаѓаат од Италија. Јувентус и Наполи ќе се борат за потписот на еден од напаѓачите со најдобра форма сезонава.

„Старата дама“ бара алтернатива во офанзивата, со оглед на тоа што има тројца напагаѓи постари од 30 години. Манџукиќ е на излезни врати, Игуаин не е долгорочно решение, а Роналдо веќе е на залезот од кариерата.

Тимот на Карло Анчелоти, пак, е во очајна потрага по голови, бидејќи од тандемот Милик - Љоренте тоа не го добива.

19-годишникот блеска во домашното првенство, а неговите бројки кажуваат за каков талент се работи. Во сите натпреварувања досега има постигнато 18 погодоци на 11 одиграни натпревари.