• Горан Упале
Алехандро Дарио Гомез, попознат како Папу Гомез, својата кариера ќе ја продолжи во Италија, откако се договори со тимот на Падова.
Светскиот шампион со Аргентина и победник во Лига Европа со Севиља (2022/23) пристигна во клубот од Серија Б по суспензијата што ја доби поради позитивен допинг тест пред Светското првенство.
Тербуталин, забранета супстанца за која Гомез тврдеше дека ја зел во сируп за кашлица, беше пронајдена во неговиот примерок. Монца го раскина договорот со него во август 2023 година и тој остана без клуб.
A Padova il sabato ha cambiato ritmo
Abbonati: https://t.co/VN8VvdTYiu#enterpapu #papuishere #papugoal #papugomez #bailacomoelpapu pic.twitter.com/9Onig4YCJ5
— Calcio Padova (@PadovaCalcio) August 1, 2025
Сега, откако заврши суспензијата Падова го договори и го претстави на брилијантен начин, а видеото експресно стана популарно на социјалните мрежи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



