Италијанската Монца продадена на американска инвестициска групација

Компанијата Финивест, која е предводена од Марина Берлускони, најстарата ќерка на покојниот Силвио Берлускони, го продаде својот удел во второлигашот Монца, што значи дека овој клуб преминува во сопствеништво на американскиот инвестициски фонд, Beckett Layne Ventures (BLV).

Сега мнозински сопственик е американската компанија БЛВ, која платила 45 милиони евра, вклучувајќи го и долгот на клубот. Финивест од таа зделка ќе добие 24 милиони евра. Интересно е што Силвио Берлускони својот удел во Монца го купи за само три милиони евра. 

Адријано Галијани, долгогодишен соработник на Берлускони во Милан и Монца, ја одбил понудата да остане во клубот. Монца минатата сезона испадна од Серија А, но има аспирации бргу да се врати во елитното друштво.