„Италијанска работа“ во Сараево вредна плеј-оф во Лигата на нации

Италија е на чекор до освојување на првото место во својата Група А во Лигата на нациите. За да го освои и се пласира на завршниот турнир, „аѕурите“ мора да прескокнат уште една пречка. Би се рекло, најлесната. Мораат да ја победат Босна и Херцеговина во Сараево во последното коло. Навистина, во теорија им одговара и реми, но под услов ист исход да дојде и во вториот меч од групата меѓу Полска и Холандија.

Италијаните држат сè во свои раце и со сигурност ќе одат на победа во Сараево. Особено што домаќинот е во „нокдаун“ по серијата лоши игри и резултати. Босанските „змејови“ едвај чекаат да се заврши оваа агонија, бидејќи увидоа дека сепак не се А класа во европскиот фудбал. Истото важи и за нивниот селектор Душан Бајевиќ, кому ова ќе му биде последен меч на клупата на репрезентацијата.

>>> Сите квоти на мечот БиХ - Италија во MOZZART

Италија доаѓа ослабена, но полна со самодоверба. Во мечот „да се биде или не“ пред четири дена ја совладаа Полска, иако им недостигаа селекторот Роберто Манчини и дури 20 играчи. Дел поради повреди, дел поради инфекција од коронавирусот.

И покрај бројните изостаноци, „аѕурите“  составија млад, но прилично респектабилен тим со Донарума, Флоренци, Бастони, Локатели, Жоржињо, Бернардески, Белоти... И им отчитаа лекција на Полјаците кои се далеко посериозна репрезентација од Босна и Херцеговина. „Аѕурите“ доминираа, ја контролираа средбата и не му дозволија на ривалот ниту шут во рамките на голот, ниту пак корнер.

Затоа се очекува Италија во Сараево да ја заврши работата и да запише победа која ќе ја одведе на завршниот турнир во Лигата на нациите, каде веќе се Франција и Белгија, а се чека уште подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Германија.