ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус има нов тренер, легендата Андреа Пирло!

Јувентус остана без тренер откако отказ доби Маурицио Сари, а целата ситуација доби пресврт, затоа што како негов наследник доаѓа италијанската фудбалска легенда, а сегашен тренер Андреа Пирло.

Легендата на „аѕурите“ која има 41 година беше назначен за нов тренер на екипата на Јувентус до 23 години, но премногу брзо заврши меѓу сениорите. За него ова ќе биде прва тренерска авантура и ќе ги има првите натпревари, со тоа што може да се каже дека управата презема голем ризик.

Некогашната ѕвезда во средниот ред за Јувентус играше од 2011 до 2015 година и освои вкупно седум титули - четири во Серија А, две во Суперкупот и една во Копа Италија.

Инаку, тој ја заврши кариерата во 2017 година како член на Њујорк Сити во МЛС-лигата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.