Италијанска ексклузива, една од најголемите ѕвезди на Јунајтед се сели во„чизмата“?

Алехандро Гарначо беше еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед во минатата сезона, но во последно време не добива шанса како претходно. Поради ова постои можност тој да го напушти клубот.

Според Танкреди Палмери, познатиот италијански спортски новинар, Наполи е подготвен да го донесе Гарначо доколку Кварацкелија го напушти клубот и замине во Пари Сен Жермен.

Наполи е подготвен да одвои 50 милиони евра за овој фудбалер, а наводно Манчестер Јунајтед и неговото ново раководство со задоволство би ја прифатиле споменатата цена за Аргентинецот. Покрај Наполи уште неколку клубови се заинтересирани за аргентинскиот ас. Се споменуваше позајмица на Спортинг, како и трансфер во Атлетико Мадрид, но ништо од тоа.

Оваа сезона одигра 29 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна осум гола и додаде четири асистенции, но во Премиер лигата е без гол или асистенција на последните осум натпревари.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.