Италијаните им се смеат на Швеѓаните: Ова ви е за „бисквитот“ со Данска пред 12 години (ВИДЕО)

Gol.mk на EURO 2016

Никогаш не е пријатно да се загуби, но овој пораз на Италија од Република Ирска вечерва во Лил е безболен. Еуфорија настана меѓу ирските навивачи, а тагуваат Швеѓаните, кои во исто време во Ница загубија од Белгија со 1-0 и се елиминирани.

Италијанските навивачи им се смеат на „викинзите“ и ги потсетуваат на „бисквитот“ меѓу Шведска и Данска кои во Португалија во 2004 година одиграа 2-2, за да испадне Италија на Трапатони, тогаш со 4 бода и без пораз во групата.  

Иако мечевите не беа целосно поврзани за пласман во осминафиналето, Италијанците двапати им наплатија на Швеѓаните на овој шампионат. И со победата во Тулуз со 1-0 и со насладувањето вечерва.