ФОТО: Италијанец стана херој поради досетливата тетоважа

Сака

Не стивнуваат реакциите и по една недела од крајот на Европското првенство, на кое Италија ја освои титулата во дуелот со Англија.

Навивачите на „азурите“ на секаков начин се обидуваат да го овековечат овој успех. Еден од нив стана херој на нацијата поради досетливата тетоважа, која сигурно не им се допаѓа на Англичаните.

Моментот кога Џорџо Кјелини го сопре младиот Букајо Сака да тргне во контра напад засекогаш ќе остане на телото на овој италијански фан.

Регуларниот дел од финалето заврши со 1-1, а Италијанците победија по пенал рулетот, а херој беше Џанлуиџи Донарума.