Римско дерби во четвртфиналето на Купот на Италија. Минатиот викенд, по третата последователна победа во Серија А, Лацио ја прескокна Волчицата на седмото место на табелата и се вклучи во борбата за Лигата на шампионите, што секако им донесе сериозно засилување на самодовербата на избраниците на Маурицио Сари пред пресметката со најголемиот ривал. Избраниците на Жозе Мурињо ремизираа со Аталанта на домашен терен, иако беа поблиску до освојување на трите бода од тимот од Бергамо, но теренската надмоќ не успеа да се оствари преку резултатот.