• Горан Упале

Денес во просториите на Eвропската фудбалска унија (УЕФА) во Нион се одржа ждрепката за полуфиналето на третата сезона во Лигата на нации.
На 14 јуни Хрватска ќе се сретне со Холандија, а еден ден подоцна за финале ќе се борат Италија и Шпанија. Хрватска и Холандија ќе играат во Ротердам, а Шпанија и Италија во Еншеде.
Натпреварот за третото место ќе се игра на 18 јуни во Еншеде од 15:00 часот, а истиот ден во вечерните часови ќе се одржи финалето на стадионот „Де Кујп“ во Ротердам.
Aктуелен шампион во најсилната конкуренција во Лигата на нации е Франција, додека прв шампион е Португалија, која што славеше во сезоната 2018/19.