Италија подготвува кандидатура за Европското првенство во 2032

Фудбалскиот сојуз на Италија подготувува кандидатура за Европското првенство во 2032 година. 

Првиот човек на федерацијата, Габриеле Гравина ги потврди овие наводи. Тој нагласи дека се работи за обид да се обнови целосната инфраструктура во Италија. Актуелниот европски првак ќе поднесе документација и ќе се надева дека ќе ја добие организацијата на турнирот. 

„Работиме на тоа да ја осигураме организацијата на Европското првенство во 2032, кое ќе ни овозможи да решиме еден од најголемите проблеми кои го мачат фудбалот, а тоа е инфраструктурата“, рече Гравина. 

Голем дел од стадионите во Италија се застарени, не се модерни како во останатите големи лиги и тоа е сериозен проблем. „Аѕурите“ можеби изненадувачки станаа европски прваци пред две години, имаат високи амбиции и на следниот собир, а со сигурност би имале и ако се домаќини за девет години.