ЕП У21: Италија извиси, Швајцарија е последен патник во четвртфиналето

Со големо изненадување заврши групната фаза на Европското првенство за фудбалери до 21 година, кое заеднички го организираат Романија и Грузија. Фаворизираната селекција на Италија загуби од Норвешка со 0-1 (0-1) и заврши на третото место во групата. Покрај елиминацијата, „аѕурите“ останаа и без место на Олимписките игри во Париз

Клучниот момент се случи во 65. минута кога Ботхајм донесе победа за „викинзите“. Победата не донесе целосна радост за Норвежаните, бидејќи тие нема да играат во четврфиналето заради најлош гол-количник меѓу трите селеции Норвешка-Италија-Швајцарија

Французите го потврдија првото место со победата над Швајцарија со 4-1. Стрелци на погодоците за Франција беа Гури, Баркола, Черки и Гакере, а единствениот погодок за Швајцарија беше дело на Ндоје.

Во четвртфиналето ќе се сретнат Англија - Португалија, Израел - Грузија, Украина - Франција и Шпанија - Швајцарија.