ВИДЕО: Италија и Украина први полуфиналисти на У20 Мундијалот во Полска

Европа ќе има финалист на Светското првенство за фудбалери до 20 години во Полска, откако четвртфиналните дуели со селекции од Африка и Јужна Америка им припаднаа на европјаните, па Украина и Италија ќе играат во првото полуфинале.

Украинците ја совладаа Колумбија со 1-0 со голот на Данило Сикан уште во 11. минута. Колумбиецот Јохан Карбонеро заработи исклучување во самиот финиш на натпреварот.

Италија ја надигра селекцијата на Мали, која претходно приреди сензација елиминирајќи ја Аргентина. „Азурите“ славеа со 4-2 (1-1). Раното исклучување на Диаките уште во 21. минута силно ги хендикепира Африканците. Андре Пинамонти со два гола беше јунак во победата на Италијанците.

  • Колумбија - Украина 0-1:

  • Италија - Мали 4-2: 

Денес се играат последните дуели од четвртфиналето, а се среќаваат Сенегал - Кореја и САД - Еквадор.