ВИДЕО: Италија и Украина тресеа мрежи по еднаш на „Луиџи Ферарис“

Репрезентациите на Италија и Украина одиграа контролен натпревар за време на слободниот термин и истиот кој се одржа на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова заврши без победник (1-1).

Првиот дел мина без возбудувања, а единствената шанса ја имаше Италија преку Бернандески кој не успеа да погоди. На пауза се замина без голови, по што во 55. минута Бернандески ја исправи грешката и со помош на голманот Пјатов кој направи голема грешка, го отвори резултатот.

Радоста на домашните не траеше долго, затоа што во 62. минута од мечот, Малиновски изедначи на 1-1. Фудбалерот на Украинците најдобро се снајде во шеснаесетникот по еден изведен прекин и мешаница и со волеј го совлада Донарума.

До крајот на мечот и двете селекции имаа шанси, но дуелот на „чизмата“ заврши без победник. На втората пријателска средба на денешната програма, Албанија и Јордан одиграа меч без голови (0-0).