ФОТО: Италија го доби „дуелот“ со Белгија и на социјалните мрежи

Италија

Белгија пред почетокот на дуелот со Италија се обиде да се мотивира со популарната изрека „Veni, Vidi, Vici“, што во превод значи „дојдов, видов, победив...“.

Твитер профилот на „ѓаволите“ ги употреби првите два збора од изреката, надевајќи се дека ќе ја заврши со триумф над „азурите“ во четвртфиналето на Европското првенство.

Меѓутоа поразот остави простор колегите од Италија да се пошегуваат на нивна сметка и да напишат „vici“.

Лоренцо Инсиње и Николо Барела беа стрелци во победата на италијанската репрезентација.