„Италија е фаворит, но никако не смее да ја потцени Македонија...“

Нуно

Легендарниот португалски напаѓач Нуно Гомез смета дека Италија нема да има проблеми да се пласира во финалето на баражот за пласман на Светското првенство.

Според него „аѕурите“ се изразити фаворити, но ќе мора да внимаваат и да не ја потценат Македонија.

„Италија е фаворит, но не смее да ја потцени Македонија. На пример таму игра Елмас, кој прикажува одлични настапи во Наполи. Сигурен сум во Манчини и во победа на Италијанците.

Во вториот дуел Португалија има поголеми шанси од Турција. Јас би сакал и двете репрезентации да играат на СП. Меѓутоа сè може да се случи на еден натпревар“, вели Португалецот.

Бараж натпреварите се закажани за март наредната година. Македонската репрезентација немаше голема среќа при ждрепката и доби исклучително тешка задача во обидот да направи нов подвиг.