Италиано: Разочарувањето е огромно, сметам дека заслуживме да победиме

Фудбалерите на Фиорентина уште еднаш загубија во финалето на Конференциската лига, втора година по ред. Овојпат победник во мечот за трофејот беше Олимпијакос со гол непосредно пред дуелот да влезе во пенал серијата. 

По вториот пораз во низа, своето разочарување не го криеше италијанскиот стручњак Винченцо Италиано.

„За нас ова е вторпат големо разочарување. Поголема болка е што повторно имавме многу шанси за да постигнеме голови. Моите играчи направија сè што можеа. Мислам дека не заслуживме да го загубиме финалето. Навистина сум разочаран“, изјави Италиано.

Минатата сезона подобар од Фиорентина беше Вест Хем, а и следната сезона излез во Европа тимот од Фиренца ќе бара преку квалификациите.