Истрагата заврши: Полицијата ја обелодени причината за хеликоптерската несреќа на газдата на Лестер!

По повеќе од месец и половина, конечно излезе на виделина вистинската причина за хеликоптерска несреќа во Лестер, по која животот го загуби првиот човек на „лисиците“ Вишаи Шриваданапраба.

Истрагата на британската полиција покажа дека причината за трагедијата е неисправноста на хеликоптерот, односно механизмот кој ги поврзувал педалите на пилотот со делот од моторот на опашката од хеликоптерот. Токму овој дефект придонесе нагло навалување на леталото на десната страна, за на крајот во непосредна близина на „Кинг Пауер“ хеликоптерот да се урне.

Покрај газдата на Лестер Сити, животот го загубија уште и Нурсара Сукнамаи, блиска пријателка и поранешна учесничка на натпревар за Мис на Тајланд, Кавепорн Пунпапе, десната рака на газдата и пилотот Ерик Свафер и неговата соработничка Изабела Роза Лекович.