Истра 1961 од Пула продаде 16-годишен талент за 2,5 милиони евра!

Ниту Динамо, ниту Хајдук, ниту Риека, овој пат Истра од Пула лансираше супер-таленти на хрватскиот фудбал. Капитенот на кадетскиот тим на Истра 1961 и репрезентацијата до 16 години, Роко Жиковиќ, треба да потпише за австрискиот шампион Ред Бул Салцбург до крајот на месецот, пренесуваат хрватските медиуми.

Единствената пречка поради која трансферот сè уште не е официјализиран е тоа што Жиковиќ формално треба да почека додека не наполни 16 години, што ќе се случи на 21 јануари, а со тоа ќе биде исполнет и последниот услов за потпишување професионален договор со Австријците.

Истра треба да заработи 2,5 милиони евра од продажбата на овој тинејџер. Австријците го следеа Жиковиќ и дефинитивно се убедени во неговите потенцијали уште од септември, за време на играњето на вториот меморијал на Влатко Марковиќ. На тој турнир, Хрватска го освои првото место во конкуренција на осум селекции, а за најдобар играч беше прогласен Роко Жиковиќ.

Имаше неколку скаути кои им сигнализираа на своите клубови висок млад ас, но очигледно РБ Салцбург, инаку стратешки упатен за ваков тип на селекција, беше најбрз и најконкретен. Според информациите од домашното опкружување, Жиковиќ веќе бил со својот татко на лекарски прегледи и договори за домување и слични логистички детали.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.