• Мартин Танасковски

Фудбалската федерација на Албанија објави дека ќе се кандидира да биде домаќин на Европското првенство (ЕП) за играчи до 21 година кое ќе се одржи во 2027 година, а ќе побара поддршка и од соседите.
Од федерацијата на Албанија истакнаа дека имаат голема желба и подготвени се да го организираат ЕП 2027 за младинци, а за тоа ќе побараат помош од соседите од Србија затоа што земјата нема доволно стадиони кои ги задоволуваат највисоките европски стандарди.
Досега на Балканот се нема организирано ЕП У21, а најблискиот домаќин до овие земји кандидати беше Романија во далечната 1998 година.
На конечната одлука за ова ЕП У21, се чека на одговор од УЕФА.