• Зоран Мишевски

Во вистинска драма на „Хемпдон парк“ Хибернијан го освои ФА Купот на Шкотска со трилер победата против Глазгов Ренџерс со 3-2 (1-1).
Во неверојатна завршница два гола после корнери во последните 15 минути од загубена ситуација „зелените“ дојдоа до историска победа, трофеј и место во второто коло од квалификациите на Лига Европа.
Мечот започна чудесно за фудбалерите од Единбург и Стоукс во 3. минута го отвори резултатот. Ветеранот Кени Милер во 27. минута погоди за израмнување на полувреме (1-1).
Кога во 64. минута на денот на својот роденден Енди Холидеј погоди за 2-1 за Глазгов Ренџерс се чинеше дека „ренџерите“ го имаат трофејот на дофат. Но, на идентичен начин, најнапред Стоукс, а потоа и Греј погодија за 3-2 и прв трофеј по 114 години во витрините на Хибернијан од Единбург.