Историски натпревар во Холандија: Судијата не свирна ниту еднаш во првиот дел!

На натпреварот од 14. коло на холандската Ередивизие помеѓу РКЦ Валвик и Екселсиор се случи еден историски момент кој навистина ретко се гледа на фудбалските терени. Дуелот заврши со конечни 2-2 и понуди многу возбуда за публиката, но најинтересниот момент беше забележан веднаш откако главниот судија означи крај на првото полувреме.

Познатиот судија со знакот на ФИФА, Бас Нихујс во текот на првите 45 минути не ја прекина ниту еднаш играта, односно воопшто не го искористи своето свирче, а новинарите од „ЕСПН“ пишуваат дека вакво нешто се нема случено во историјата на фудбалот. Не беше забележан ниту еден прекршок или ситуација за прекин, па така фудбалерите на двата тима непречено го одиграа првиот дел.

Домашниот состав имаше водство од 2-0 до 60. минута, но Екселсиор успеа да се врати во игра и на десет минути пред крајот ги постави конечните 2-2. Резултатот на крајот немаше преголемо значење, а двата тима остануваат во втората половина на табелата во најсилното холандско првенство.