Историски момент: Новото фудбалско правило ги шокираше навивачите во Бразил (ВИДЕО)

На натпреварот од бразилската Серија Б помеѓу Пајсандуа и Атлетико Параненсе, за првпат беше искористено новото правило во фудбалот, кое треба од следната сезона да се применува ширум целиот свет. 

Гостинскиот голман Мисаел во финишот од натпреварот ја задржуваше топката повеќе од осум секунди (поточно 13), по што главниот судија досуди корнер за противничкиот тим. Очигледно, најголем дел од фановите не беа запознаени со новото правило и упатија гласни свирежи кон судијата, но подоцна сфатија за што станува збор.

Новото правило официјално треба да стапи на сила од 1 јули 2025 година.