Историски момент: Меч од Серија А ќе се игра надвор од Европа!?

Натпревар од италијанската Серија А може да се одигра во Австралија во сезоната 2025/26. Според информации од италијанските медиуми, раководството на Серија А води интензивни разговори натпреварот меѓу Милан и Комо да се одигра во градот Перт, во викендот на 7-8 февруари 2026 година.

Според календарот, овој меч требаше да се одигра на легендарниот стадион „Сан Сиро“, но истиот ќе биде користен за церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри Милано–Кортина, која е закажана за 6 февруари.

Бидејќи стадионот го делат Милан и Интер, кои обично се домаќини во различни викенди, Серија А ќе биде принудена да направи прилагодувања уште од самиот старт на сезоната за да го растовари градот во текот на Олимпијадата и Параолимпијадата.

Ако оваа иницијатива се реализира, тоа ќе биде првпат натпревар од едно европско национално првенство да се одигра надвор од Европа. Според „The Athletic“, ФИФА е отворена за вакви идеи и веќе има формирано специјална комисија која разгледува измени во правилата што би го овозможиле тоа.