Историски меч во Берлин: Осум гола за полувреме во Бундеслигата (ВИДЕО)

Унион Берлин и Штутгарт се сретнаа во последниот меч од денот во Бундеслигата и приредија спектакл. Дуелот заврши 4-4, а сите осум гола паднаа во првите 45 минути.

Овој дуел е историски, затоа што за првпат по формирањето на германската елита видовме осум гола во едно полувреме. Импресивен рекорд, но во вториот дел стрелците „заспаа“.

  • Извештај од натпреварот:

Голеадата во Берлин започна во 5. минута кога Илиќ донесе 1-0 за Унион Берлин, а потоа втор гол за домашните даде Леите. Штутгарт возврати со два брзи гола на Ундав и Милиот, па на спротивната страна во 38. минута Керфелд погоди за 3-2.

„Швабите“ режираа пресврт, преку Чабот во 43. и Фухрих во 45. минута поведоа со 3-4, а пред истекот на судиското надополнување, Србинот Илиќ со вториот гол израмни на 4-4, што беше и конечен резултат.

Штутгарт е единаесетти во Бундеслигата, додека Унион Берлин се наоѓа на 13-тото место.